Правилата се следни: Секој играч пред себе има 2 топки, во едната внатре пишува „SPLIT“ (подели), а во другата „STEAL“ (укради). Сумата која ја имаат на располагање е 13.600 фунти. Откако секој ќе си види што пишува во неговите топки, односно која е подели, а која укради, играчите имаат половина минута да разговараат и да се договорат што ќе прават. Доколку двајцата одберат „SPLIT“, ќе си ја поделат сумата и ќе си отидат дома со по 6.800 фунти. Доколку едниот одбере „SPLIT“, а другиот „STEAL“, тој со „STEAL“ ги зема сите пари. Доколку, пак двајцата одберат „STEAL“, си одат дома со празни џебови.
Заплетот настана откако двајцата почнаа да се договараат, а едниот веднаш рече: „Мора да ми веруваш. Јас сум искрен, сакам да ги поделиме парите и затоа ќе ти кажам дека ќе одберам „STEAL“. Ќе ги земам сите и после емисијата ќе ги поделиме парите.“