Од сите 100 милијарди ѕвезди во нашата вселена, во најблискиот систем до нашиот можеби се наоѓа планета на која има живот, доколку може да му се верува на извештајот на најновото откритие. Новозабележана планета во нашето галактичко соседство можеби ги има вистинските услови за живот, се вели во тие извештаи.
Се очекува Европската јужна опсерваторија да ги објави новостите утре во 13:00 часот. На почетокот на овој месец се раширија гласини дека научниците забележале планета, за која се верува дека наликува на Земјата и орбитира околу ѕвездата Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до нашето сонце. Но, отпрвин Опсерваторијата не сакаше ниту да ги одрече, ниту да ги потврди таквите информации.
Проксима Кентаури е дел од ѕвездениот систем Алфа Кентаури и се наоѓа на само 4,2 години од нашиот сончев систем. Откриена во 2015 година, Проксима Кентаури е една од трите ѕвезди во Алфа Кентаури системот, созвездие кое може да се забележи главно од јужната хемисфера на нашата планета.
„Се верува дека сѐ уште безимената планета наликува на земјата и кружи околу Проксима Кентаури на оддалеченост која би можела да овозможи присуство на течна вода на нејзината површина – важен услов за појава на живот“, се вели во Дер Шпигел, кој цитира анонимни извори. „Научниците никогаш досега не нашле планета која толку наликува на Земјата.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.