Доктор тврди дека имал искуство на излегување од своето тело за време на хируршка интервенција за спасување на неговиот живот. Во 2010 д-р Раџив Парти бил пратен во сала за итни интервенции во Медицинскиот центар на Калифорнискиот универзитет поради компликации со рак на панкреасот.

Докторите му ставиле катетар, бидејќи му откажале сите телесни функции. Но, по неколку часа, развил сепса. Неговото меѓуножје станало црвено и потечено и добил висока температура. Следниот ден, откако бил успиен со морфин, бил однесен во салата за операции. И токму во тој момент бил сведок на нешто што тој го нарекува „живот по смртта“. „Деталите за рајот“, како што вели тој, ги опишува во својата нова книга „Умирам да се разбудам“.

dr01

Научниците го отфрлаат концептот за искуства на излегување од телото. Оливер Сакс, славен невролог, нив ги квалификува како халуцинации. Минатата година, истражувачите од институтот Каролинска откриле дека специфични области во мозокот се активираат во согласност со тоа во кој дел од просторијата луѓето мислеле дека се наоѓаат за време на нивното вонтелесно искуство, слично како ефектот при халуциногените дроги.

Но, и покрај своите 33 години на искуство и медицинска и научна стручност, д-р Парти е убеден дека го видел рајот. Според неговите кажувања, општата анестезија која му била применета не помогнала ништо за да му ја олесни болката. Петнаесет минути по започнувањето на операцијата, му вметнале катетар и почувствувал силна и остра болка. И во тој момент почувствувал како започнува да лебди. Можел да си го види сопственото тело како го оперираат и можел да ги слушне хирурзите како зборуваат, при што еден од нив кажал шега.

дr02

Во истиот миг, можелда ја види својата мајка во зелено сари во нивниот дом во Индија, заедно со неговата сестра која носела фармерки и сина маица. Планирале да јадат зеленчук, јогурт и ориз. Од оваа нежна глетка, наеднаш бил катапултран во „пеколни краишта“ со црни облаци, молњи, див оган и суштества со рогови. Овде му се појавил секој кон кого бил груб, вклучувајќи и еден пациент.

Тогаш се појавил неговиот татко, кој го повел низ еден тунел на крајот на кој се појавила светлина на „илјадници сонца кои не ги печат очите“. И во тој миг, се разбудил. Хирурзите ја потврдиле шегата која ја запомнил од времето на хируршката интервенција врз него.

За скептиците, ова тешко дека би можело да биде некоја валидна потврда: многу луѓе собираат информации од нивната околина во состојба на полусон. Но, поневеројатниот и запрепастувачкиот дел од случајот е тоа што неговата мајка ја потврдила сцената која тој си ја замислил, и која се случила токму во времето на неговата операција.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено