Полицаец од Северна Каролина, САД, застрелал глувонем човек кој само се обидувал да искомуницира со него преку јазикот на глувонемите откако полицаецот го сопрел поради преголема брзина. 29-годишниот Даниел Кевин Харис, татко на четиригодишно дете, бил застрелан на само неколку чекори од неговиот дом во Шарлот од страна на полицаецот Жермен Сандерс.

pl01 pl02

Полицијата вели дека Сандерс се обидел да го запре Харис поради пречекорување на дозволената брзина на меѓудржавниот пат 485 околу 18:15, но возачот ги приморал властите кратко време да го гонат пред да запре. Властите велат дека кога возачот излегол од неговиот автомобил, „се случила средба меѓу него и полицаецот, што предизвикало стрелба. Харис умрел на лице место.“

pl03 pl04

Но, сведоците велат дека Харис – кој бил невооружен – бил застрелан речиси веднаш откако излегол од своето возило. Тие исто така велат тој се обидел да искомуницира со полицаецот употребувајќи знаковен јазик. Полицаецот Сандерс вели дека го застрелал Харис бидејќи пристапувал кон него и не ги следел неговите команди.

pl05

Но, од семејството на Харис велат дека со оглед на тоа што тој не слушал, едноставно бил исплашен и не ја разбирал ситуацијата. Братот на Харис вели дека неговата мајка е во болница поради проблеми со срцето по застрелувањето на син ѝ. „Го застрелаа, и сега немаме ништо“, вели Џеј Харис.

Соседите се огорчени и револтирани поради одлуката „прво пукај, после прашувај“ на полицаецот.

„Застанувате некој кој е глув, хендикепиран. За мене, тоа што се случи е тотално неприфатливо“, изјавил соседот Марк Барингер за локална ТВ станица. „Требало да ја смират ситуацијата и треба да се обучени да разликуваат различни ситуации.“

Покрај тоа што Харис бил глувонем, тој бил и ситен човек и воопшто не бил човек кој би претставувал некаква закана.

pl06 pl07

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено