Одгледувач на тартуфи го ископал потенцијално најголемиот тартуф во Австралија, кој тежи повеќе од 1,5 килограми. Стјуарт Данбар, сопственик на фармата Јара Вали Тартуфи во Викторија, ја нашол подземната габа под еден корен на дрво минатиот четврток. Данбар изјавил дека ја забележал печурката пред сезоната, ја маркирал и редовно го проверувал нејзиниот растеж.
За внимателно да ја извлечат од под големото дрво биле потребни 45 минути. Печурката тежи 1511,10 грама и би можела да донесе заработка од 1500-3000 долари. Во претходните сезони тој набрал тартуфи со тежина од 100-200 грама, при што заработувал 2 долари по грам.