Од август минатата година, шест научници живееле изолирани од останатиот свет на заспан вулкан на Хаваи висок 2500 метри. Со многу малку комуникација и без пристап до свежи производи, напуштениот каменолом во Мауна Лоа со условите е сличен на марс, овозможувајќи им на научниците да симулираат живот на црвената планета. Сега, по речиси една година на вулканот, научниците се блиску до завршувањето на предвидената едногодишна мисија.

kp01 kp02

Ова е четвртата и најдолга мисија спроведена од Хавајската вселенска истражувачка аналогна симулација. „Колку што мисијата станува подолга, толку подобро ги разбираме ризиците на вселенското патување“, вели Ким Бинстед, главниот истражувач при мисијата.

kp03 kp04 kp05

Шестчлениот екипаж во изолација, три мажи и три жени, го составуваат: Шејна Гифорд, Тристан Басингтвајт, Кармел Џонстон, Анджеј Стјуарт, Сиприен Версо и Кристиен Хајник. Затворени во 11-метарска купола, со 92 квадратни метри простор за живот, тимот смеел да излезе надвор единствено носејќи вселенски костуми на НАСА, исто како што идните астронаути би морале да прават на Марс. Редовното вежбање ги одржувало во форма, а исполнетиот распоред со експерименти и разни поправки ги држел зафатени.

kp06 kp07 kp08

За време на проектот, бил дизајнирано 24-минутно задоцнување кај сите комуникации со надворешниот свет, со цел целосно да се симулираат условите на марс. На екипата ѝ бил даден и 3D принтер за самите да си ги направат нештата за кои заборавиле или кои не ги предвиделе. Со електрична енергија се снабдувале со помош на голем соларен панел поставен пред куполата, додека ќелија за водородно гориво ги снабдувала со резервна енергија. Претходните симулации во куполата на Мауна Лоа траеле од четири до осум месеци.

kp09

Сподели на Facebook
пати видено