Да се биде шармантен и позитивен е важно за секој доктор. Една работа е да се погрижиш за пациентот, но сосема друга да направиш тој да се почувствува сосема безбеден и згрижен за време на целиот процес на негата. Карл Танцлер бил рентгенски техничар кој развил посебна врска со неговата пациентка Хелен де Хојос. Но, кога таа починала, неговата љубов се претворила во опсесија.

Карл Танцлер

ta01

Танцлер се родил во 1877 година во Дрезден, Германија. Откако бил интерниран за време на Првата светска војна, во текот на којашто ги почувствувал нејзините ужаси, тој се преселил во Америка и се вработил како радиолошки техничар во воена болница во Ки Вест, Флорида. Танцлер од секогаш бил безнадежен романтичар. Додека бил момче, еднаш кажал дека на сон му дошла негвата прабаба, грофицата од Косел, и му кажала дека неговата вистинска љубов ќе биде егзотична, црнокоса жена.

Хелен де Хојос

ta02

Марија Елена Милагро „Хелен“ де Хојос се родила во 1909 (кога Танцлер веќе имал 32 години) во кубанско семејство во Ки Вест. Во 1930 ѝ била дијагностицирана туберкулоза и била лекувана од страна на Танцлер. Докторот и пружил посебна нега на неговата пациентка, поставувајќи рентенска машина и во нејзиниот дом. Кон Хојос развил силни чувства, опсипувајќи ја со подароци, за на крај да ѝ изјави љубов. Но чувствата не биле обострани.

Смрт и опсесија

ta03

После некое време, болеста ја совладала Хојос и таа починала. После посетувањето на гробницата секоја ноќ, тој се вовлекол во мавзолејот за кој лично платил, го извадил телото и го однел во неговиот дом. Пронижал жица помеѓу нејзините коски, а распаднатата кожа на лицето ја заменил со свила потопена во восок. Направил перика од нејзината сопствена коса, која што му ја дала мајката на девојката. На нејзините гради поставил крпи за да го задржат обликот. Трупот бил облечен во облеката на Хојос и обилно напрскан со парфем за да ја покрие тешката миризба на распаѓање. Танцлер го чувал трупот на неговиот сопствен кревет.

Судењето

ta04

Танцлер минал седум години за време на коишто спиел со трупот на Елена Хојос, сѐ до 1940 г. кога нејзината сестра Флоринда слушнала гласини за докторот и нејзината почината сестра. Се соочила со Танцлер во неговиот дом. Подоцна бил уапсен и обвинет за свернавење на гроб и отстранување на труп. За жал, делото веќе било застарено, па така не можеле да го осудат. Танцлер се преселил во друг дел на Флорида, задржувајќи ја посмртната маска на Хојос, која ја употребил за скулптура на девојката во природна големина и се раскажува дека умрел во рацете на оваа скулптура.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено