Етиопјанецот Фејиса Лилеса го одбележа сребрениот медал на олимпискиот машки маратон во недела со драматичен протест против владата на неговата земја. Лилеса ги вкрсти рацете над својата глава во знак на солидарност со народот Оромо, кој етиопската влада сака да ги пресели од нивната земја. Маратонскиот тркач кој заврши втор по кенискиот фаворит Елиуд Кипчоге, тврди дека неговиот живот е во опасност по правењето на тој знак.

et01

„Имам роднини кои се во затвор во мојата земја“, вели тој. „Ако зборуваш за демократија, ќе те убијат. Ако се вратам во Етиопија, можеби ќе ме убијат или ќе ме фрлат во затвор. Во мојата земја е многу опасно. Можеби ќе морам да одам во друга земја. Протестирав за луѓето насекаде кои немаат слобода.“

et02

Плановите на етиопксата влада да ги преместат тие луѓе од нивната земја за да обезбедат градежно земјиште предизвикаа жестоки демонстрации во ноември кои се оддолжија со месеци, прераснувајќи во еден од најлошите немири во земјата во последните десет години.

  et03 et04 et05 et06 et07

Сподели на Facebook
пати видено