Студентка која очигледно минала ноќ со олимписката легенда Усеин Болт по прославата за неговиот триесетти роденден ги споделила сликите со нивната средба – и вели дека тоа е „нормално“. 20-годишната Џеди Дуарте објавила ВатсАп слики на кои се гледа како се гушка и бакнува со „кралот на спринтот“ – кој има долгогодишна девојка. На една од сликите – кои првин се појавија на неколку бразилски веб страници вклучувајќи го и Ел Глобо откако дуарте ги споделила со нејзините пријатели, Болт ја бакнува во образот додека таа гледа во камерата.
Јамајканскиот спринтер, кој минатата недела наполни 30 години исто така е снимен како се забавува сѐ до раните утрински часови во клубот Ол Ин, во предградието Бара де Тижука во Рио. Тоа било луда прослава на третата и веројатно и последна олимпијада на спринтерот, за време на којашто тој освои нови три златни медали, зацементирајќи го неговото наследство како еден од најголемите спринтери на сите времиња.