Сиромашното дете Џулиус научило да фрла копје само од гледање видеа на YouTube. Си рекол можам да ги победам овие и почнал да вежба. Татко му му велел „Откажи се Џулиус, сите во Кенија се тркачи.“ Тоа му бил дополнителен предизвик да им докаже на сите дека може. Така дошол момент кога го подобрил јуниорскиот рекорд, а вчера освои сребрен медал на Олимпијадата. Во Кенија Џулиус на прекар го викаат „Мистер Јутуб Мен“.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.