Амбер Херд го дава секој цент од нејзиниот договор за развод со Џони Деп во износ од 7 милиони долари во добротворни цели, за да им помогне на малтретираните жени и болните деца. 30-годишната Херд открива дека ги донирала парите на Американската унија за граѓански слободи и Детската болница во Лос Анџелес, кадешто 10 години работела како волонтерка. Парите ќе бидат подеднакво поделени помеѓу двете организации.

„Парите не играат голема улога за мене, и никогаш не играле, освен во тој поглед да можам да донирам и да помогнам на тие кои не можат да се бранат себеси“, вели Херд. Двојката која се венчала во февруари 2015 година, ја завршија бракоразводната парница во втроник. Херд ги повлекла нејзините тврдења дека Деп физички ја малтретирал, а таа добива 7 милиони долари отштета.

jd01 jd02 jd03 jd04 jd05 jd06 jd07 jd09 jd10

Сподели на Facebook
пати видено