Можеби има само тринаесет години, но Лил Пупи кој станал познат по своето пеење за лесни жени и кокаин уште на 9-годишна возраст, сега го склучи својот прв договор за албум. Лил Пупи, чиешто вистинско име е Луис Ривиера Помладиот, потпишал четиригодишен договор со Сони-Епик, која може да се пофали со големи уметнички имиња како Ауткест, Тимбаланд, П. Диди и Џенифер Лопез.
Младата рап сензација се здобила со слава на деветгодишна возраст кога се појавил во музички спот кадешто себеси се нарекувал „кокаински каубој“ и рапувал за пари, лесни жени и сето тоа бакнувајќи купче пари. Покрај тоа, на видеото можело да се види како детето плеска возрасна жена по задникот, додека пее дека е „лошо момче“ и „кокаинско момче“ и дека планира да ја направи девојката негова групи девојка. Луис Ривиера Постариот, таткото на Лил Пупи, заработил обвиненија во февруари 2013 година, откако властите тврделе дека сексуално сугестивните видеа со детето претставуваат вид на злоупотреба на дете.