Покрај златниот медал, овој севернокорејски спортист собрал и друга титула на Олимписките игри во Рио – најтажниот носител на медал на Олимпијадата. Ри Се-Гванг бил окпружен со насмеани лица додека стоел на врвот на подиумот откако примил златна медала за својот успех. Но, и покрај тоа што е само третиот спортист од оваа земја кој освоил злато, се чинело како да се мачи да ги сопре солзите.
Двократниот светски шампион го победи Русинот Денис Албјазин, додека Јапонецот Кензо Шираи ја освои бронзата. Насмевките на другите двајца беа силен контраст во споредба со разочараниот изглед на лицето на Ри. Но, спортистот им кажал на новинарите: „Бев исполнет со радост бидејќи си мислев дека сум успеал да му донесам чувство на победа на нашиот лидер.“
На социјалните медиуми се коментира дека тој изгледа тажен бидејќи сега ќе мора да се врати во Пјонгјанг и под контрола на диктаторот Ким Џонг Ун. Севернокорејските спортисти се пратени во Бразил под силен надзор на владини претставници на земјата. Се известува дека оваа недела конфискувале Самсунг телефони кои им биле доделени на спортистите поради загриженост дека би можеле да се обидат да контактираат со надворешниот свет.