Ова е драматичниот миг кога храбар патник скокнал на пругата во метрото за да извлече човек кој паднал од платформата, само неколку мига пред да пристигне метрото. Полицијата сега очајно трага по добриот Самарјанин кој го сторил херојското дело во станицата Тотенхем Корт Роуд во Лондон.

Тој го сторил херојскиот чин кога на еден 47-годишен човек наеднаш му се слошило и паднал врз шините. По извлекувањето, пристигнала брза помош и го одвеле во болница. Од полицијата соопштуваат дека се извлекол со лесни повреди.

hr01

„Да се спуштиш на шините е крајно опасно, но храброста на овој човек мора да се пофали“, вели Крис Хортон, од Британската транспортна полиција. „Човекот скокна за да спаси друг човек и го извлече назад на платформата, а другите патници ја известија службата за итни случаи.

hr02

Иако возот кој пристигнуваше веднаш беше ставен на црвен сигнал, неговото брзо размислување, како и на останатите патници на платформата, помогна да се избегне трагедија. Од името на целата Британска транспортна полиција, би сакал да го пофалам овој човек за неговото храбро дело -неговото брзо размислување го спаси животот на овој човек.“

hr04

Сподели на Facebook
пати видено