32-годишна жена се отворила за нејзините очајни маки низ кои минува за да забремени со нејзиниот 72-годишен маж. Милионерот Макс Делмиџ е поранешен сопственик на Менли Си Иглс. Тие двајцата започнале врска откако се запознале на погребот на првиот капитен на Менли Си Иглс. За време на погребот, Саманта Грин го привлекла вниманието на Делмиџ, кога таа држела почесен говор пред ужаленото семејство и пријателите.

ml01

„Таа стана и говореше во своите црни чорапи и јас си помислив дека има убави нозе и дека воопшто беше многу привлечна девојка“, вели Делмиџ. Но, нивната среќа била помрачена со тоа што никако не успевале да оформат семејство.

За тоа Саманта пишува на својот блог:

„Не зборувам многу со пријателите, најчесто ноќе плачам во мојата соба. Јас не сум онаа Саманта која бев пред да тргнам на ова патешествие. Сакам да ми се врати таа Саманта“, напишала таа во емотивен пост на нејзиниот блог „Макс и Сем“.

ml02

Г-ѓа Делмиџ и нејзиниот сопруг – кој веќе е дедо – се обидувале да добијат бебе веќе четири години. Таа објаснува дека сторила сѐ за да ги зголеми шансите да добијат бебе. Тоа вклучувало и промена на нејзината исхрана, јадење на измелена срцевина од ананас – мислејќи дека така ќе ги отстрани токсините од нејзиното тело – одела на акупунктура и дури постојано носела чорапи за да ја одржува идеалната температура за зачнување.

„Не сакам многу ананас, но се обидувам со сѐ и сешто. Цели две недели носев чорапи. Морате да ја одржувате матката топла, но не треба да се прегрее“, вели таа. „Дури купив и бебешки играчки за да имам позитивен став кон светот.“

ml03

По неколку неуспешни обиди, таа сега планира да направи пауза со вештачкото зачнување, но потоа сака да продолжи со обидите да заснова семејство со нејзиниот сопруг.

„Морам да продолжам“, вели таа.

ml08

Сподели на Facebook
пати видено