Студент заработил илјадници евра тргувајќи од својата соба, додека работел како дополнителна работа во Мекдоналдс. Роберт Мфуне имал само 16 години кога ги научил основите на бинарното тргување средувајќи налози за финансиска фирма по часовите. На 17 години почнал да тргува од својот дом во Саутемптон и заработил доволно пари да купи Бентли од 150 000.

mf01

Сега Мфуне на својата мајка ѝ купил куќа од 150 000 евра и кола – станувајќи милионер уште пред да наполни 20 години. Младиот бизнисмен вели:

„Одењето на колеџ, работата во Мекдоналдс и трговијата од дома беше најтешкиот период во мојот живот, но ако сакаш да успееш, мора да страдаш неколку години.“

mf02 mf03

На 17 години тој отворил сметка за интернет трговија на име на неговата мајка, со цел да ги избегне правните ограничувања за работа поради неговата возраст, а за сето време работел во Мекдоналдс, што не го попречило училиштето да го заврши со одличен успех. Неговиот ментор му помогнал на младиот претприемач да си отвори своја сопствена сметка кога наполнил 18 години, којашто сега ја користи за да го трупа своето богатство.

Тој вели:

„Ѝ купив кола на мајка ми бидејќи не сакав луѓето да ја гледаат како се качува во автобус кога јас заработувам солидни суми. Потоа следниот чекор беше да ѝ најдам убаво место, па така ѝ купив куќа.“

mf05

Мфуне инвестирал во неколку кафетерии и куќи во Англија, како и во имот во неговата родна земја во Јужна Африка. Поседува автомобили во вредност од 280 000 евра.

„Забавно е“, вели тој. „Убаво е да се има убави автомобили, но не ги ценам толку колку луѓето кои ме гледаат како возам златна кола, тоа е само бонус. Поважно ми е семејството, пријателството и љубовта. Мојата цел е да ги правам луѓето среќни. Сакам да се погрижам секој да го добие тоа што му е потребно.“

mf06

Сподели на Facebook
пати видено