Изневерена жена го огласила на Ибеј нејзиниот свадбен фустан вреден 2300 евра за да може да плати за развод од нејзиниот неверен сопруг. 28-годишната Самата Враг од Честерфилд ја носела белата „арт деко“ венчаница на нејзината свадба во 2013 година, но тврди дека нејзиниот младоженец „избегал“ со друга жена набргу по женидбата, па така сега таа ја продава венчаницата по почетна цена од 577 евра.

fs01

Во описот стои: „Во одлична состојба е, но потребно е хемиско чистење за да се отстрани реата на неверството. Пред сѐ го продавам за да платам за разводот од мојот бивш сопруг. Заедно со фустанот оди и велот (да, тој ден бев вистинска принцеза).

fs02

Извинете што има само две слики, но кога дознав дека мојот сопруг живее со друга жена, изгорев и засекогаш избришав сѐ на што го имаше неговото одвратно лице.

fs03

Ако сакате фустан кој е полн со лоши спомени и неостварени соништа, тогаш е овој е токму за вас. Се надевам дека овој фустан ќе ви донесе многу повеќе среќа отколку што ми донесе мене, а ако не…па, ќе можете и вие да го продадете овде!“

Сподели на Facebook
пати видено