20-годишна студентка жестоко ја брани нејзината врска со нејзиниот 60-годишен љубовник. Лиа Санибалди од Нешвил, САД, ја запознала нејзината „сродна душа“ Рес Бенсон, додека тој настапувал со бендот на нејзиниот татко, пред три години. Таа вели дека веднаш почувствувале привлечност еден кон друг и дури планираат да се свршат штом таа ќе заврши со студиите.
Откако го запознала Рос, кога таа имала само 17 години, Лиа започнала да разговара со него на Фејсбук, но откако нејзините родители дознале за тоа, и не го одобриле, го прекинале контактот. По една година пак стапиле во контакт и се зближиле за време на пробите на бендот, и таа му изразила љубов. Пред две години и официјално станале љубовна двојка, и против противењето од страна на семејството на Лиа на многу од нејзините пријатели.
Лиа вели: „Многу зјапаат по нас, но ние никогаш не се чувствуваме навредено. Правиме да ни е интересно и многу се забавуваме давајќи им на луѓето причина да зјапаат. Многу често кога ќе забележиме такво нешто, се бакнуваме зафркавајќи ги, тоа ги шокира но нам не ни е грижа бидејќи не правиме ништо лошо.“
Опишувајќи го мигот кога првпат се запознале, таа објаснува: „Кога првпат се запознавме пред три годни, нашите очи едноставно ни се залепија и не знам зошто, но се стрчав и го гушнав – едноставно така ми дојде природно. Кога дознаа моите родители, тие помислија на најлошото и не сакаа ние да разговараме бидејќи мислеа дека тој само сака да ме искористи и ми забранија да се дружам со него. Но, по една година моите чувства кон него не се променија и повторно започнавме да контактираме.
Кога бевме престанале да се гледаме, беше многу тешко, многу мислев на него и знаев во срцето дека морам пак да почнам да зборувам со него. Штом повторно се сретнавме, знаев дека го сакам и оттогаш ништо не се промени, со текот на времето моите чувства станаа уште посилни. Беше очигледно дека чувствата ни се взаемни, создадени сме еден за друг и откако минатата година започнавме да излегуваме, неразделни сме.
Допрва претстои моите родители да го прифатат Рес како мое момче, се надевам дека некогаш ќе го сторат тоа – и тие самите се на 27 години разлика еден од друг.“
60-годишниот Рес е девет години постар од мајката на Лиа, но осумнаесет години помлад од нејзиниот татко. Тој вели: „Се соочивме со сериозно противење од страна на двете наши семејства – нејзините родители пробаа се што е во нивна моќ да ја оттргнат Лиа од мене. За нас, кога ја запознав Лиа, тоа беше средба на души, две души во универзумот се сретнаа…“
Леа смета дека постарите жени ѝ завидуваат поради тоа што таа е со Рес. Кога излеговме на вечера за мојот 20-ти роденден, една постара жена постојано се вртеше и гледаше во нас, и штом го забележав тоа, се наведнав и го бакнав Рес во образот, мислам дека тие само ми завидуваат. Мислам дека многу од постарите жени ми завидуваат, бидејќи имам толку привлечно момче, а тие не можат да го имаат.“