Северна Кореја го поттикнува своето прегладнето население повеќе да јаде кучешко месо сугерирајќи дека тоа има повеќе витамини од пилешкото, говедското, свинското месо, како и од месото на патките. Земјата, која е управувана од тиранот Ким Џонг Ун сѐ уште го промовира кучешкото месо како традиционална „храна за издржливост“. Покрај тоа, тие велат дека кучешкото месо е добро за стомакот. Наводно, за да се подобри вкусот на кучешкото месо, севернокорејските власти советуваат кучињата да се претепуваат до смрт и потоа да се одерат пред да се стават во рерната.
Но, во соседна Јужна Кореја многу активисти за правата на животните протестираат поради оваа касапска практика.
Корејската централна телевизија, ТВ станица во Северна Кореја емитуваше цела сторија за повторно отворен кучешки ресторан во Пјонгјанг кој „е многу успешен во правењето на кучешкото месо поуникатно“, а локална радио станица вели дека супа од куче е најдобриот лек.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!