Пале Бул (палата-балонче) е популарен назив за една куќа во Кан, која воедно е и најскапата куќа во Европа, според Листата на Кристи. Од каде дошло името на куќата е јасно уште од првиот поглед -футуристичка куќа дизајнирана оддалеку да изгледа како купче меурчиња. Куќата е изградена специјално за славниот моден дизајнер Пјер Карден, кој во неа уживал во десет спални соби и голема сферична дневна соба како и пространи градини заедно со базени и езерца.
Но, за да би можеле да станете сопственик на овој имот, треба да се наоѓате во друштвото на најбогатите, бидејќи вредноста на куќата изнесува 455 милиони долари. Ја дизајнирал унгарскиот архитект Анти Ловаг, а се градела во периодот меѓу 1975 и 1989 година.
Големата дневна соба потсетува на научно-фантастичните филмови, па дури и гарнитурата за седење е кружна. Собата за прием е уредена со исклучително необичен мебел.
Во една од бањите, кои изгледаат како спа центар, мијалникот и кадата се кружни, а во куќата тешко е да се најде и една права линија. Така и скалите се лишени од прави линии.
Кога ќе излезете од куќата, ќе ве дочекаат градини кои се простираат на повеќе од 8500 квадрати и во нив бројни базени и езерца. На драматичниот стил на куќата и целиот имот акцент му става и сцената со 500 места за разни манифестации и концерти со фантастичен поглед кон морето. Ноќе, осветлената куќа остава целосно поинаков впечаток, а гледано од воздух, целиот имот изгледа навистина впечатливо. Буквално куќа од соништата.