Дечкото:
– Гледај, душо! Паѓа ѕвезда! Замисли си желба!
– Да се земеме наскоро!
– Ооппсс… грешка… авион било!

– – – – – – –

Жената:
– Пак си пијан, свињо гнасна!
– Не сум, мори!
– Кажи „демилитаризирана зона!“
– Добро де, пијан сум…

– – – – – – –

Во барот седат мажи и гледаат стриптиз. Девојката бавно се соблекува, се слуша аплауз. Девојката го соблекува градникот – бурни аплаузи. Девојката си ги соблекува гаќичките – сите молчат. Таа зачудено ги прашува:
– Што е бе, нели ви се допаѓа?
Некој од последните редови извикува:
– Продолжи, продолжи, со една рака не се аплаудира…

– – – – – – –

Еден земјоделец се фали во кафеана:
– Вчера ветерот ми го однесе плашилото и додека да направам ново, ја ставив жената на негово место.
– И?
– Тоа сакам да ви кажам. Денеска страчките ми ја вратија и ланската жетва…

– – – – – – –

SMS разговор.
Тој:
– Душо, што се случува? Зошто не ми креваш слушалка?
Таа:
– Бидејќи се сетив, како ме излажа пред две години, на 12 октомври во 13:48 часот!

– – – – – – –

– Мамо, како се запознавте со тато?
– Уф, беше толку романтично… бев на забава со мојот дечко и татко ти ми напиша „zdr“…

– – – – – – –

– Дајте ми една кутија цигари.
– Какви?
– Па, со дроб.

– – – – – – –

– Зошто не се бричиш?
– Немам девојка, поради која да го правам тоа…
– А за самиот себе?
– За себе си купувам пиво…

– – – – – – –

Девојка ѝ се жали на својата мажена пријателка:
– Не останаа мажи – кој вегетаријанец, кој геј, кој метросексуалец, кој брка Покемони…
Мажената:
– Не очајувај! Се уште има пристојни пијаници!!!

– – – – – – –

Овој мојот во кревет е ненаситен. Постојано вели:
– Жено, дај уште еден сендвич.

– – – – – – –

– Алоо?
– Да, кажете!
– Не ми работи рутерот …
– Која сијаличка свети во овој момент?
– Таа во бањата, да ја изгаснам ли?!

– – – – – – –

– Ѓубре си! За ништо не вредиш! Ти дадов најубавите години од својот живот! Целата младост си ја потрошив! Животот си го уништив!!!
– Тања, почнуваш да ме плашиш! Престани да зборуваш со твојата диплома.

– – – – – – –

– Драгиии… Зошто се лутиш? Нели идејата за тројка беше твоја?
– Точно! Ама сепак мислев дека и јас ќе учествувам…

– – – – – – –

Комшивката:
– Комшија, мажот ми не е дома, дојди на кафе, мафе.
– А ако се врати маж ти?
– Нема шанси… бара покемони.

Сподели на Facebook
пати видено