Кога станува збор за запросувњето, секако дека е пожелно да се биде креативен, но еден Романец сепак малку претерал. Влад Лунгу од Брашов ја одвел девојката на возење, претходно замолувајќи ги пријателите да се маскираат во полицајци и да ги запрат.Тие насилно ја извлекле од автомобилот неговата девојка Александра и ја натерале да го бакне бетонот пред да ја кренат и одведат зад автомобилот каде што на колена и со прстен во рацете ја чекал новопечениот свршеник.

zap

Видеото предизвикало лавина реакции, меѓу кои и доста негативни. „Така не се однесува кон дама“, стои во еден коментар на Јутјуб, додека други сепак изразилеподдршка за среќниот крај.

На идната невеста ѝ требале неколку секунди да се прибере, но на крајот сепак, едвај задржувајќи ги солзите, кажала „да“. Можеби запросувањето и не е такво какво што го замислила, но сигурно никогаш нема да го заборави.

Сподели на Facebook
пати видено