Џорџ Франдсен со години собирал древен измет. И сега својата невообичаена збирка сака да ја сподели со останатиот свет преку првион онлајн музеј посветен на изметот – Пузеум (Poozeum). Копролитите претставуваат фосилизирани остатоци од измет и може да се од најразлични видови организми – од термити, желки па сѐ до диносаури. Франдсен првпат видел такво нешто во една продавница за фосили во Јута, САД, за време на неговата прва година на студии. Восхитен, веднаш се навлекол и го купил примерокот – првиот во неговата збирка која продолжува да расте сѐ до ден денес.

gm01

Што е тоа што е толку посебно во нив? Копролитите се многу ретки фосили и можат да бидат вреден извор на информации за научниците. Многу од примероците во Франдсеновата збирка содржат делови од коска и крлушки, несварените остатоци од оброкот на праисториското животно. Наоѓањето храна во фосилизираните фекалии е еден од единствените начини на кои палеонтолозите можат да дознаат што јаделе определени предисториски животни.

gm02 gm03

И покрај нивната вредност, за нив музеите покажале мала заинтересираност. Па така, пред неколку години тој решил да ја искористи неговата збирка како основа за онлајн музеј. „Сакам тоа да биде бесплатен сајт за копролити, исполнет со медиумски содржини и извор на информации“, вели тој.

gm04 gm05

Во 2015 година, Гинисовите рекорди, со помош на професионални палеонтолози ја сертифицирале колекцијата на Франдсен како најголемата колекција копролити во светот, со оглед на тоа што тогаш таа содржела над 1200 примероци. Според Франдсен, оттогаш наваму биле додадени илјадници.

Во „Пузеум“ има некои навистина неверојатни примероци, вклучувајќи го и најголемиот копролит во светот – милозвучно наречен „Скапоцениот“. Тој е долг 20 сантиметри и тежи околу 2 килограми. Се претпоставува дека тоа било измет на голем рептил, можеби крокодил.

gm06 gm07

На еден друг примерок има отпечатоци од заби, што е сведоштво за прекината копрофагија; во даден момент, некое големо животно го загризало изметот и очигледно не му се допаднал неговиот вкус.

Копролитите на Франдсен исто така се изложуваат и за јавноста. Така тие неодамна биле изложени во Музејот на Јужна Флорида и изложбата била толку популарна што нејзиното траење се продолжило од неколку месеци до цела година.

gm09 gm10

Зошто луѓето биле толку заинтересирани за фосилизиран измет? За Франдсен, одговорот е многу едноставен. „Тоа е нешто што на сите нас ни значи нешто“, вели тој. „Покрај тоа, кога ќе видите измет на некое древно животно, на некој начин се поврзувате со него. Но исто така, тоа е предмет за кој не трошиме многу време, па така тоа го прави нешто ново, возбудливо и по малку табу“, додава тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено