Мајка била обвинета за доведување на дете во опасност откако, како што тврди полицијата, нејзиниот син стар само две години бил најден дома како се бори со кучето за тоа кој од нив двајцата ќе цица од замрзнати пилешки гради. 30-годишната Холи Амик од Дес Моинес, Ајова, САД, била уапсена откако полицијата дошла кога им било кажано дека детето е оставено само на себе.

gl01

Полицајците го нашле синот на Амик во дворот зад куќата, носејќи наполнети, виснати пелени и маичка, и цицајќи од парче незготвено пилешко, а териерот кој бил во дворот скокал околу детето, обидувајќи се да му го истргне месото од рацете. Полицијата го нашла детето околу 10:15 часот во понеделник. Пелените кои ги носел малечкиот биле толку полни што му виселе до колената.

gl02 gl03

Полицијата дознала за ситуацијата кога го запреле момчето на Амик, Џемс Робинсон, поради пребрзо возење и кога тој им кажал дека брзал дома бидејќи имало дете кое е само.

Иследниците испрашале сосетка која им кажала дека детето често било оставано само без надзор.

„Ова е првпат тој да излезе од куќата, но уште откако се вселија тие го оставаат само“, раскажува сосетката Дебора Снајдер. Друга жена се присетила дека еднаш го нашла момченцето среде улица.

gl04 gl05

Според полицијата, Амик се вратила дома нешто повеќе од два часа по нивното пристигнување, и упорно тврдела дека тоа било првиот пат кога го оставила својот сам дома. Но кога ѝ кажале дека соседите раскажале сѐ, таа признала дека „повремено“ го оставала детето само.

gl06

Во нејзиниот дом биле најдени марихуана и други реквизити за дрогирање, по што била обвинета за поседување дрога. Амик била затворена и по еден ден пуштена со кауција. Нејзиното момче можеби исто така ќе се соочи со обвиненија во врска со инцидентот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено