Полицаец запира кочански мафијаш:
– Документите ве молам и отворете го багажникот.
Кочанскиот мафијаш ги дава документите и вели:
– Еве ви 500 денари да се почестите и да не го отвораме багажникот, а?
– Веднаш отворете го багажникот, ве молам!
– Добро, еве ви 1000 денари и да заборавиме на багажникот.
– Излезете од колата и отворете го багажникот!
– Добро, последна понуда – 50 евра и го забораваме багажникот.
– Веднаш отворете го багажникот! – Извикал полицаецот.
Кочанскиот мафијаш излегува, го отвора багажникот, а внатре ПП апарат, прва помош, сигнален триаголник и резервна гума.
Полицаецот зачудено го погледнува:
– Што беше тоа, какви беа тие 50 евра? Тука нема ништо!?
– Еее, ризик ствара капитал бе брат…