Индиец освоил милион долари – само шест дена откако ја преживеал ужасната авионска несреќа во Дубаи. Мухамед Башир Абдул Кадар се наоѓал на летот ЕК521 на Емирати кога авионот се урнал на аеродромот во Дубаи. Сите 300 патници во авионот успеале да избегаат пред авионот да експлодира во огромна огнена топка.

av01

Шест дена потоа, 62-годишниот човек освоил милион долари на лотарија. Кадар, кој препродава автомобили во Дубаи го купил ливчето кога со семејството заминал на одмор во Тирувантапурам во јужната индиска држава Керала. На враќање, авионот на Емирати се урнал на аеродромот во Дубаи. Шест дена потоа дознал дека е милионер.

av02

„Во Дубари работев 37 години и секогаш се чувствував како во родна земја. Живеам едноставен живот и сега е време да се пензионирам. Чувствувам како Бог да ми даде втор живот кога ја преживеав авионската несреќа и ме благослови со овие пари за по сето ова да правам добри дела“, вели тој.

av03

Опишувајќи го бегството од урнатиот авион како чудо и скапоцен дар од Бог.

„Знаев дека Бог ме спаси поради некоја причина. Сигурно ова е тоа.“

av04

Ова е неговото 17-то лото ливче кое го купил во својот живот и ја добил премијата четири месеци пред неговото пензионирање. Во Дубаи работи од 1978 година. Сега планира да се пензионира во неговата татковина и да им помага на тие кои ја немале неговата среќа.

Сподели на Facebook
пати видено