Пливачите и публиката во центрот Мариа Ленк во Рио де Жанеиро ги обзеде силна збунетост. Еден од двата базени кадешто се одржуваат олимписките игри од сега засега непознати причини прими зелена боја. Тоа се случило во вторник попладне за време на женските синхронизирани скокови од десет метри.

bz01

Како што тоа обично се случува, изненадената публика своите мисли и критики веднаш ги објавила на социјалните медиуми, па така Фејсбук и Твитер биле полни со иронични коментари од типот: „Овде синоќа да не се искапел Шрек?“

Меѓу изненадените биле и некои спортисти, па така олимпиецот Том Дејли на својот Твитер профил објавил фотографија со двата базени – едниот зелен, а другиот вообичаено син – проследена со прашањето: „Па што се случило?!“

bz02

Одговор сега засега нема ниту портпаролот на светската пливачка организација, Фине Педро Адега, кој запрепастено ја гледан необичната глетка во Рио. За медиумите тој го искажал своето размислување дека можеби некои натпреварувачи побарале од организаторите да се промени бојата за да се намали одблесокот од сонцето.

bz03

Се разбира, се појавил и сомнеж дека базенот не бил исчистен како што треба. Како што одминувало натпреварувањето, така водата сѐ повеќе наликувала на супа од спанаќ и разликата во бојата во споредба со азурно сината во соседниот базен стануваше сѐ повидлива.

„Никогаш не сум се нурнала во нешто слично“, изјавила британската пливачка Тониа Кауч. „Ја забележавме промената уште додека се загревавме, а потоа стануваше сѐ позелено. Но, ако ништо друго, барем е полесно да се види каде сум скокнала“, додава таа иронично.

bz04

По завршувањето на натпреварот, организаторите објавиле кусо соопштение во кое се наведува дека покренале истрага. Велат дека ја тестирале водата и дека таа не претставува здравствен проблем. Но, што довело до промена на бојата, сѐ уште не утврдиле.

Сподели на Facebook
пати видено