Бестрашен трагач по возбуди се снимил себеси како вежба на кран висок 24 метри во Мароко. Имено, Халид Тени се снимил како се ниша од високата конструкција, без никаква безбедносна опрема. Само што ќе го гледате па ќе ви се испотат рацете. Само малку да се лизне, и отиде овој зависник од адреналин.
„Бев полн со адреналин. За мене тоа беше навистина голема авантура бидејќи не е дозволено искачувањето по кранови. Кога завршив, се почувствував како пак да се родив.“
Халид споделува дека секојдневно тренира за да биде во форма и често ужива во прифаќањето предизвици.
„Знам дека е опасно, но за мојот мозок ова е само игра.“
Наместо да плаќа во скапа теретана, сѐ што му треба за да остане во форма Халид го наоѓа на улиците.
„Секој ден тренирам по четири часа наутро и четири часа навечер. Улиците се мојата теретана бидејќи сѐ што ми треба има таму, било да треба да стојам на раце на врвот на некоја зграда или само да се кревам на раце на некоја шипка, и сето тоа е бесплатно“, вели тој.