Мајка и син чијашто забранета љубов би можела и на двајцата да им донесе затворска казна изјавиле дека тие се „лудо вљубени“ и дека ништо нема да ги раздели. 36-годишната Моника Марес и нејзиниот син, 19-годишниот Кејлеб Питерсон се соочуваат со затвор во времетраење од осумнаесет месеци доколку судот во Ново Мексико ги прогласи за виновни за инцест.

ms01 ms02

ms03

Но, мајката и синот се решени да се борат за нивните права да имаат сексуален однос и се обраќаат до јавноста да донираат средства за нивната парница. Тие велат дека се подготвени да ризикуваат сѐ и јавно проговориле за нивната љубовна врска со цел да ја кренат свеста за врските како последица на генетско сексуално привлекување.

ms04 ms05 ms06

Оваа појава се дефинира како сексуална привлечност помеѓу блиски сродници како браќа и сестри, родители и деца, или први и втори братучеди, кои за првпат се среќаваат како возрасни и никогаш пред тоа не имале никаков контакт.

ms07 ms08

Марес вели: „Тој е љубовта на мојот живот и не сакам да го изгубам. Моите деца го сакаат, целото мое семејство го сака. Ништо не може да дојде помеѓу нас, ни судови, ни затвор, ништо. Морам да бидам со него. Кога ќе излезам од затвор ќе се преселам од Кловис во држава која ќе ни дозволи да бидеме заедно.“

ms09

Инцестот е престап во сите педесет американски држави, но степенот на казнивост варира од држава до држава. Марес вели дека е подготвена дури и да се одрече од правото да ги гледа своите деца доколку мора да бира помеѓу нив и нејзиниот син љубовник.

Марес имала само шеснаесет години кога го родила Питерсон, чиешто родено име било Карлос, но го напуштила по што тој бил посвоен. 36-годишната Марес која оттогаш немала никаков контакт со него, го видела по осумнаесет години, откако првин стапиле во контакт на Фејсбук.

Набргу развиле романтични чувства едни кон други и неколку недели подоцна нивната врска прераснала во сексуален однос.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено