Русин, Американец и Германец се нашле на еден далечен остров. Ги фаќаат човекојадци и им велат:
– Секој од вас ќе каже по еден збор. Ако не го знаеме ќе ве пуштиме да си одите.
Американецот се истрчал прв да каже:
– Компјутер!
Човекојадци почнале да си шушукат. По малку еден од нив вели:
– Тоа е машина со тастатура! – И Американецот го одвеле.
Германецот станува и вели:
– Телефон!
Овие пак се собрале и си шушукат.
– Тоа е уред за зборување од далечина. – Рекле човекојадците и Германецот го одвеле.
Доаѓа ред на Русинот. Тој ги погледнал и им рекол КГБ!
Човекојадците почнале да се советуваат. По малку главниот излегува и вели:
– Ние не знаеме што е тоа. Еве ти брод и 100 килограми злато. Оди си, но пред тоа те молам да ни кажеш што е тоа КГБ.
Русинот им објаснува:
– Тоа е една организација слична на вашата. Се собираат едни и си шушукат и наутро, и Американецот и Германецот ги нема.

Сподели на Facebook
пати видено