Дури 26 играчи на нигерската репрезентација до 17 години, т.е. целиот тим, се казнети бидејќи е утврдено дека лажеле за својата возраст. Иако не се објавени имиња, меѓу оние кои не го минале тестот во поглед за возраста е и нивниот најдобар напаѓач. Помладите спортисти од Нигерија често се помеѓу најдобрите на фудбалските натпревари.

ng

„Ова е вистинска катастрофа. Сега сме во големи проблеми. Единствено што можеме да кажеме дека сите тренери вклучени во оваа афера ќе бидат суспендирани“, се пренесува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Нигерија.

Репрезентацијата на Нигерија до 17 години до сега пет пати го освои Светското првенство.

Сподели на Facebook
пати видено