Астрономите во 1996 година се обиделе да направат нешто невообичаено. Го свртеле најмоќниот телескоп на човештвото кон сосема темен дел од небото кој личел дека е празен. Делчето од небото било мало колку зрно песок. Сите очекувале дека сликата што ќе ја добијат ќе биде сосема темна како што е и Вселената однадвор. Тие го отвориле телескопот и го оставиле да прима фотони цели 10 дена. На крај ја добиле најважната слика која докажала нешто за кое до тогаш само се претпоставувало. На сликата се гледале над 3000 галаксии, а секоја од нив содржи стотици милијарди ѕвезди.