– Бабо, на село има ли Покемони?
– Што има, тоа ќе јадеш!

– – – – – – –

Работењето во лето е многу кул нешто! Јас многу сакам да работам. Дури ни на плажа не ми се оди. Сега само да си го избришам солзите и продолжувам да работам.

– – – – – – –

– Драги, ти воопшто не ја забележуваш мојата нежна душа!
– А ти, зошто си ја скрила зад тие големи цицки?

– – – – – – –

– Драги, треба да правиме еден долг и сериозен разговор!
– На кратко не може ли?
– 4000 денари за сандали!

– – – – – – –

Додека чекав во сообраќајниот метеж, го продадов мојот автомобил и си купив друг, поблиску до семафорот…

– – – – – – –

– Љубовта не се бара, таа сама те наоѓа! – Рече 48 годишната Митра, среќна сопственичка на девет мачки.

– – – – – – –

Специјално за ловците на Покемони!
Во нашиот двор нема Покемон, туку има лошо куче. Ако ги помешате, не сносиме никаква одговорност!

– – – – – – –

– Зошто камионџиите кога слегуваат од камионот прво ја клоцаат гумата?
– За да си ги одлепат јајцата.

– – – – – – –

Плавуша му вели на својот дечко:
– Чуден вкус имаат овие пуканки!
– Тоа е стиропор…

– – – – – – –

– Знаеш ли какви подароци им даваат мажите на најубавите жени?
– Не.
– Па од каде ќе знаеш…

– – – – – – –

Еден кочански мафијаш излегува пред една девојка сосема гол:
– Види какви мускули – барут, динамит, ТНТ.
Девојката:
– Ама со 3 сантиметри фитил.

Сподели на Facebook
пати видено