Таа е заносна манекенка која зад себе има бројни врски со фудбалери и има повеќе од 255 000 следбеници на Инстаграм. Но, таа порано била тој. Талита Зампироли од Рио де Жанеиро е најверојатно најпознатиот трансексуалец кој/која ги воодушевува своите љубители објавувајќи секси селфи фотографии.

tl01

26-годишната манекенка, за која се зборува дека се забавува со топ моделот Родриго Вестерман, сокрива многу малку од своите обожаватели, објавувајќи видеа од нејзините вежбања, па дури споделува и слики од нејзината посета во клиниката за липосукција.

tl02

Талита за првпат се појавила на насловните страници кога во 2013 се појавила слика со неа и фудбалската легенда и политичар Ромарио, кога тој дознал дека таа е родена како маж.

„Претпоставував дека тој ќе се налути, но на крајот јас сум си жена. Бевме во врска една година и беше добро додека траеше.“

tl06

Но, Ромарио жестоко ги одрекувал нејзините тврдења дека биле заедно и дури се заканил дека ќе ја тужи поради тоа. Следната година локалниот печат известил дека поранешниот спортист издејствувал привремена судска наредба Талита да престане да зборува за наводната љубовна афера. Покрај тоа, кога се дознало дека е трансексуалец, неколку модни компании ги раскинале склучените договори со неа.

„Ми ја откажаа соработката, велејќи дека сум ја изневерила нивната доверба и дека требало да им кажам дека сум трансексуалка. Признавам дека тогаш паднав во депресија“, вели Талита.

tl07

Но, три години подоцна, Талита која се родила во Итаперимим на северот од Рио, е една од најпознатите и најславни бразилски манекенки.

„Никогаш не се чувствував добро во моето машко тело, и отсекогаш знаев дека одвнатре сум жена.“

Талита се подложила на операција за промена на полот кога имала 18 години. „Јас сум жена“, вели таа. „Имам женски полов орган и во личната карта ми пишува дека сум жена. Значи, јас сум жена.“

tl11 tl10

Сподели на Facebook
пати видено