76-годишен човек од Њу Џерси е во критична состојба откако полицијата одговорила на повик, но на погрешна адреса – и го застрелале човекот додека си стоел во сопствената дневна соба. Операторите за итни повици добиле повик во 11:30 часот во петок од локација во областа Камберленд, но човекот кој се јавил дал погрешна адреса и ја спуштил слушалката.

Полицајците отишле на местото и засветлиле со џебни светилки низ стаклената лизгачка врата на задниот дел од куќата, велејќи дека одговориле на итен повик. 76-годишнот Џералд Сајкс на тоа одговорил со истрел од неговата пушка, мислејќи дека се работи за натрапници. Еден од полицајците потоа истрелал четири куршуми од својот пиштол, погодувајќи го Сајкс.

Сајкс бил пренесен со хеликоптер во Универзитетската болница во Камден, кадешто се наоѓа во критична состојба.

sj01 sj02 sj03 sj04 sj05

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено