Муслимани зазедоа став против неодамнешниот варварски напад во име на исламот, така што се појавија на неделна миса во цркви и катедрали во Франција и Италија. Неколку десетици муслимани се собраа во големата готска катедрала во Руан, во близина на Сент Етјен ди Рувре, кадешто 85-годишниот свештеник Жак Амел беше заклан од страна на двајца тинејџери исламски екстремисти.

„Трогнати сме од присуството на нашите муслимански пријатели и јас верувам дека тоа што дојдоа кај нас е храбар чин“, изјави по службата Доминик Лебрен, архиепископ на Руан.

ms01

Некои од муслиманите седеа во првиот ред, веднаш спроти олтарот каде шт Адел Кермиш и Абделмалик Петитжан, и двајцата 19-годишници, се снимија себеси како изведуваат муслимански обред пред да му го пресечат грлото на стариот свештеник. Меѓу присутните беше и една од калуѓерките која кратко време беше заложник во црквата пред да биде убиен свештеникот.

Таа им се придружи на другите католици кои се ракуваа и прегрнаа со муслиманите кои се појавија на мисата. Пред црквата, група муслимани добија силен аплауз кога одвиткаа транспарент со зборовите: „Љубов за сите, омраза за никој.“

ms02

Муслиманите во Италија исто така се организираат осудувајќи ги варварските чинови на радикалните муслимани. Мухамед бен Мухамед, член на Исламската заедница во Италија вели дека за време на својата служба во петок ги повикал верниците „да пријават секој кој има некаква намера да му наштети на општеството. Сигурен сум дека меѓу верниците има такви кои се подготвени да проговорат“, вели тој.

ms03

Ахмед Ел Балзаи, имамот на џамијата во Вобарно, во областа Ломбардија, вели дека не се плаши од последиците ако проговори против екстремистите.

„Не се плашам…Овие луѓе ја оцрнуваат нашата религија и ужасно е тоа што многу луѓе сите муслимани ги сметаат за терористи. Тоа не е така. Религијата е една работа, а сосема друга работа е однесувањето на муслиманите кои не нѐ претставуваат нас“, вели Ел Балази.

Сподели на Facebook
пати видено