Падобранецот Лук Ејкинс планира утре на територијата на Калифорнија да изведе скок од височина од 7620 метри, без помош на падобран. Ејкинс до сега скокал повеќе од 18 000 пати, но се разбира, секогаш со падобран. Овојпат тој планира да го изведе подвигот со помош на мрежа која ќе биде поставена на височина од дваесет ката. Целото случување ќе биде пренесувано на телевизија во живо.

sk01

Својот прв скок овој зависник од адреналин го извел кога имал дванаесет години, а денес, заедно со сопругата и синот, држи школа за падобранство во близина на Такома, Вашингтон, којашто ја основал неговиот дедо. И порано падобранци скокале без падобран, но во текот на скокот нивните колеги им ја додавале опремата во воздух. Доколку Ејкинс успешно го изведе овој скок, ќе стане првата личност во историјата која до тлото стигнала без помош на падобран.

„Да не сум нервозен, би требало да бидам многу глупав. Иако всушност и многумина веќе ме сметаат за глупав поради тоа што воопшто ми паѓа на ум да направам вакво нешто“, изјавил Ејкинс.

„Говориме за скок бе падобран. Оваа работа ја сфаќам многу сериозно, не станува збор за шега“, додава тој.

Мрежа со размер 30 Х 30 метри би била доволо идржлива да го сопре падот, а притоа да не го отфрли Ејкинс пак назад во воздухот. Подготовките за скокот траеле повеќе од шест месеци, а тестирањата вклучувале и фрлање кукла. Но, сите не биле успешни – еднаш се случило куклата да мине право низ мрежата.

На Ејкинс за време на скокот ќе му биде прицврстена камера на заштитниот шлем, како и специјална камера Самсунг 360, дизајнирана така да го долови ова искуство во вид на виртуелна реалност. Инаку, Ејкинс беше член на тимот кој во 2012 го подготви Феликс Баумгартнер за неговиот скок од работ на вселената.

Сподели на Facebook
пати видено