Петмина луѓе биле изгазени до смрт, а еден со критични повреди по дивеењето на диви слонови во село во северна Индија. Според известувањата, четири слонови се одделиле од нивната група и влегле во селото Бхатар во државата Западен Бенгал. Министерот за шуми на Западен Бенгал, Беној Кришна Бурман, изјавил дека слоновите биле разлутени од страна на жртвите кои почнале да фрлаат со камења по животните за да ги исплашат. Наводно тоа го предизвикало смртоносното дивеење на слоновите, што предизвикало паника во селото.

sl01

Биле повикани властите на помош, и еден од слоновите, мажјак, умрел откако бил погоден со успивно средство. Другите, женка и младенче, побегнале.

Во одговор на сѐ почестите инциденти помеѓу луѓе и слонови, Светскиот фонд за природата формирал „летечки одреди“ во делови од Азија. Овие одреди претежно се состојат од група јавачи на слонови и слонови специјално обучени да одвраќаат други слонови од полињата и селата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено