Одлуката за тоа како да се роди детето е една од најтешките со кои се соочуваат идните родители. И, иако мајките порано можеле да бираат помеѓу раѓање по вагинален пат и раѓање по пат на царски рез, сега има и поинаков начин. Најновиот тренд сега е спој на тие две методи. На Фејсбук е објавено видео со Софи Месаџер, натален едукатор, на кое се гледа како го раѓа својот син по пат на „природен царски рез“, и резултатите се неверојатни.

bb04

Видеото прикажува како бебето практично само се раѓа, полека извивајќи се надвор од стомакот на својата мајка преку засекот направен преку царскиот рез.

„О, погледнете го“, се слуша мајката кога нејзиниот син почнува да се појавува од неа. Видеото, објавено од нејзина пријателка, досега било видено 1,6 милиони пати и споделено 25 000 пати.

bb05

„Една моја пријателка вчера го имаше најпрекрасниот нежен царски рез. Тоа беше вистинско патешествие, бидејќи нејзината локална болница одби да ги земе предвид нејзините желби“, пишува г-ѓа Месаџер.

„Така, таа мораше да се премести во друга болница, каде што со најголема поддршка ја прими д-р Енди Сим од болницата на Нотингем Сити, кој не само што се согласи со нејзините барања, туку и го сними процесот на раѓањето за да ги образова другите здравствени професионалци. Особено ми се допадна кога видов како бебето само си излегува од утробата“, вели таа.

Сподели на Facebook
пати видено