Возењето по норвешкото крајбрежје би ви одзело околу четирисет часа, а по пат би морале да ги користите и услугите на бројни траекти за да стигнете до својата цел. Секако, сето тоа е убаво доколку на располагање имате неколку седмици за истражување и патешествија, но воопшто не е згодно за тие кои би сакале Норвешка да ја запознаат во текот на неколку дена.

cd01

Но, новиот проект кој се планира во земјата на северниот дел на стариот континент значително би можел да го забрза сообраќајот. Станува збор за идеја за изградба на подводни тунели кои би требало да минуваат од Кристиансанд до Трондхејм. Подводните тунели би биле сместени 30 метри под морското ниво, а патувањето од едно до друго одредиште би го скратувале за половина. Подводните конструкции најмногу би им пречеле на бродовите, па инженерите допрва треба да најдат начин за постигнување на максимална сигурност во тунелите.

Што и да се случи со оваа идеја, таа сигурно нема да се реализира наскоро. Имено, норвешките власти најавија дека проектот би требало да се заврши најрано до 2035 година, а би чинел околу 25 милијарди американски долари. Погледнете го следното видео за да видите како Норвежаните го замислиле ова сообраќајно чудо на северот на Европа.

Сподели на Facebook
пати видено