16-годишна девојка која се обидела да се обеси во својот плакар сега ноќе ја држат заклучена во празна соба обложена со дрво, со цел да ја спречат да се повреди себеси или некој друг член на семејството. Ема, самохрана мајка на младо семејство кое живее во рурална јужна Австралија, вели дека не ѝ останал друг избор откако нејзиното најстаро дете Стефани во последните две години се обидело да изврши самоубиство дванаесет пати.

dt01

Стефани, која била сексуално злоставувана како дете, почнала да се повредува себеси кога тргнала во средно училиште – сечејќи си ги рацете, нозете, стомакот, а на крајот и вратот. Но, во последните неколку години, нејзината ментална состојба се влошила уште повеќе, при што таа постојано се обидува да се повреди себеси и другите и почнала секојдневни предмети да претвора во опасни „оружја“.

„Нејзината соба ја претворивме во нешто како безбедносна соба“, објаснува Ема. „Вратата се заклучува секоја ноќ бидејќи не се чувствуваме безбедни. Чувствувам дека не е безбедна ако не е заклучена.“

dt02 dt03

За Ема, која живее во изолиран град, а најблиската психијатриска служба е оддалечена на два часа пат, ова драстично решение е единствената опција за да го зачува скапоцениот живот на нејзината ќерка.

„Не сакам да го правам тоа. Се чувствувам ужасно кога го правам, чувствувам како да не си ја вршам работата на една мајка, бидејќи не би требало да го правам тоа“, споделува низ солзи очајната мајка. „Дали ќе влезам таму, и таа веќе нема да биде меѓу нас? Дали овој пат ќе мора да кажам збогум?“

dt04

Стефани со тивок глас својата соба ја опишува како „затвор“.

„Ова јас го нарекувам затвор…бидејќи тоа и е. Ме заклучуваат како да сум во затвор.“

dt06

Биле преземени драматични чекори за девојчинската соба, која некогаш била украсена со розови и виолетови завеси и полна со плишани играчки, да се трансформира во стерилна кутија обложена со шпер-плочи, целосно изменувајќи ѝ го ликот. На вратата е закачен натпис „Не влегувај“, како и постер со натпис „метналната болест не е прашање на избор, тоа е оздравувањето“; единствените морничави знаци дека тинејџерката сѐ уште живее во безживотната соба.

„Ја разбирам зошто го прави тоа, но понекогаш боли“, вели Стефани, со исклучителна свесност за состојбата. Ема има соништа за светла иднина за својата ќерка, но вели дека на Стефани ќе ѝ треба неверојатно скапа секојдневна терапија за да се справи со тоа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено