Мајка чиишто синови биле киднапирани пред 30 години вели дека таа сѐ уште не изгубила надеж. Рут Паркер своите синови последен пат ги видела на 9 октомври 1986 година, кога нивниот татко Чарли Возелер ги одвел на патување – и никогаш не се вратиле. Паркер, која во тоа време работела како библиотекарка, го нашла Возелер преку огласи во списанието „Мадер Ерт Њуз“. Почнале да се допишуваат, по што следеле телофонски разговори и патувања за да се видат, што на крајот довело до тоа Паркер да се пресели во Њу Хемпшир да се омажи за Возелер.

vz01 vz02

Им се родиле две машки деца, Чарлс Џејсон и Вилијам, но потоа бракот се распаднал. Кога децата ѝ биле одземени, тие биле на возраст од три и две години. „Киднапирањето од страна на родител не се сфаќаше толку сериозно во 1980-тите како што се сфаќа денес“, вели Паркер. Кога таа го пријавила исчезнувањето на полицијата во Рочестер, полицаецот едноставно кажал: „Што е проблемот толку? Тие се со татко им.“

На 3 април 1987 година била издадена федерална потерница поради незаконско бегство за избегнување кривична постапка. По седум месеци, во случајот се вклучило и ФБИ, кое што сѐ уште нуди награда во износ од 25 000 долари за информација која би довела до апсење на Возелер. Приватен детектив кој работел на случајот вели дека Возелер долго време го планирал грабнувањето.

vz03

Возелер претходно бил женет двапати и откако се развел од својата прва сопруга ѝ кажал дека имала среќа што немаат деца, бидејќи тој ќе ѝ ги одзел. Иследниците сметаат дека ја „избрал“ Паркер поради нејзиното добро потекло и високата интелигенција, но секогаш планирал своите синови да ги задржи само за себе.

vz06 vz04 vz05

Во текот на изминатите триесет години, властите успеале само еднаш му влезат во траг. Во 1986 година, една година по нивното исчезнување, една жена од Оклахома ги видела двете момчиња на плакат за исчезнати лица и на властите им кажала дека излегувала со нивниот татко, но дека тој никогаш не зборува за мајката на момчињата, кажувајќи ѝ дека загинала во ужасна сообраќајна несреќа.

Жената опишала дека Возелер користел лажни имиња и лични документи за него и неговите синови. Но, кога детективите на ФБИ пристигнале во Стилвел, Калифорнија – 11 дена по поткажувањето -куќата каде што живеел била изгорена до темел, како и колата паркирана пред неа.

vz07 vz08

Паркер вели дека единствениот начин да се справи со загубата е „да ја закопа болката“. „Не можете вечно да се грижите. Тоа ве осакатува. За да ги најдете децата, не смеете да бидете осакатени. Морате да работите, да се борите и истражувате, и да правите сѐ што треба да се прави.“

Паркер направила ДНК тест на Ancestry.com, надевајќи се дека нејзините синови би можеле да бидат љубопитни за другата половина на нивното семејство и ќе го сторат истото, но досега нема среќа.

Од ФБИ изработиле дигитални модели за тоа како би изгледале децата по триесет години.

Таа вели дека доколку ги најде, нема да форсира воспоставување на родителски односи со нив, иако би го сакала тоа, но вели дека Возелер „доволног ги истрауматизирал досега.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено