Хит апликацијата за мобилни телефони Pokemon Go, од кога се појави на пазарот ја зголеми цената на акцијата на Nintendo за околу 120%. Nintendo сега вреди скоро два пати повеќе отколку пред лансирањето на оваа апликација, бидејќи популарноста на играта влијаеше и инвеститорите да почнат повеќе да вложуваат во акциите на компанијата.

Искористете ја можноста да земете бесплатни 50€ за тргување на светска берза и да заработите на цената на акцијата на Nintendo.

Бесплатните 50€ за тргување можете да ги превземете овде.

Во долари, вредноста на Nintendo само за две недели порасна за повеќе од 23 милијарди. Растот на цената на акциите влијаеше пазарната вредност на компанијата да порасне повеќе од 40 милијарди и со тоа да го надмине својот главен конкурент Sony, чија вредност е околу 38 милијарди долари.

Цената на акциите на Nintendo речиси моментално порасна откако играта беше лансирана. Некои компании објавија податоци според кои ова е најпопуларната игра на сите времиња, со број на дневни играчи кој го надмина бројот на корисници на најпопуларните апликации како што се Google Maps и Snapchat.

Еуфоријата се пренесе и на пазарот на акции, па така акциите на оваа компанија ја понесоа ласкавата титула најтргувани акции во историјата на јапонскиот пазар на капитал.

pokemon

Самата игра ја креираше Niantec, приватна комапнија кој се издвоила од Google, додека Pokemon ликовите се во сопственост на компанијата Pokemon која е делумно во сопственост на Nintendo. Веќе некое време се шпекулира дека CEO-то на Niantec,  John Hanke, е тесно поврзан со ЦИА. Тој е креатор и на  Keyhole за чие креирање поголемиот дел од парите биле од National Geo-Spatial Intelligence Agency и самата ЦИА.

Голема количина на лични податоци на корисниците се достапни во апликацијата, како користење на камерата, влијаеше на некои држави да бидат многу внимателни кога оваа игра е во прашање. Во Русија играта официјално уште не е лансирана, но некои фанови успеале да ја најдат и да се вклучат, што доведе до тоа Путин да даде предупредување да не се приближуваат до неговата резиденција и владините објекти поради безбедносни причини. Покрај Русија и Кина, која е најголем пазар за игри за мобилни телефони, покажа внимателност.

И покрај големиот број на малверзации кои ја пратат самата игрица, едно е факт, а тоа е дека оваа апликација достигна неверојатен успех за многу краток временски период. .Цената на акција на Нинтендо моментално се движи околу 32.50 долари.

FXLider има соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970.

Договорите за разликата во цената (CFD) ги претставуваат производите кои се потпираат на финансискиот левериџ и носат високо ниво на ризик за Вашиот капитал затоа што цените можат брзо да постанат неповолни за Вас. Овие производи можеби нема да бидат соодветни за сите клиенти и заради тоа морате да бидете сигурни да сте ги разбрале ризиците, а и да побарате независен совет. Овој материјал не претставува понуда, барање ни трансакција во поглед на било кој финансиски инструмент. Загубите можат да ги надминат Вашите депозити и од Вас би можело да се бара да извршите дополнителни плаќања. FXLider не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба на овие коментари ниту за последиците кои од тоа можат да проистекнат. Не се дава никакво уверување ниту гаранција за точноста или потполноста на овие податоци. Како резултат на тоа, секое лице кое ќе постапи спрема нив, тоа го прави потполно на сопствен ризик.

Сподели на Facebook
пати видено