Кога сочувствителната патничка од Канада, Меган Пенман, го открила ова кутро кученце како ги влече неговите парализирани нозе на една плажа во Тајланд, знаела дека едноставно мора да му помогне, по секоја цена. Така започнала убавата и надежна приказна за кутрето Лео, параплегичниот скитник кој бил донесен во Канада, каде што нашол нов топол дом исполнет со љубов.
Според проценките, Лео не ќе успеал да преживее уште еден месец оставен сам на себе. Кога видела дека никој во Тајланд не сака да го прибере кучето, Меган решила да го земе со себе.
„Го најдов малечково на плажа во Тајланд како го влече наоколу своето парализирано тело.“
„Ќе беше мртов за еден месец ако не го бев зела со мене“ – напишала Меган.
„Не можев да најдам спасители во Тајланд, па решив да го земам со мене во Канада“.
Лео додека чека за третман кај тајландски ветеринар
Лео има скршен `рбет и никогаш повеќе нема да прооди.
По два месеци конечно подготвен за пат!
Еве го во новиот привремен дом.
Поради ветеринарните трошоци, Меган морала да му најде нов постојан дом.
Со тие мили очи, нема да чека многу долго.
Лео исто така бил подложен на операции поради проблеми со неговите мочни патишта.
Лео ќе мора да носи пелени додека да се среди проблемот со мочните патишта.
Џејми се согласи да го посвои Лео.
Лео повторно може да оди со помош на количка и обожава тоа.