Мажот ми си го турна мобилниот и тој падна под масата. Ме моли да го кренам, но јас одбивам, бидејќи 100 пати му повторувам да не го става на масата. Додека се расправавме, ѕвони телефонот и ќерката крева. Од таму мајка ми прашува зошто крева таа, што правиме ние. Одговорот:
– Тато ја моли мама да му го крене, ама таа не сака зошто тој не го става каде што треба…