Доколку ви се смачило од тоа да се мачкате со непријатни хемикалии против комарци, има и поприроден начин да ги избегнете нивните убоди, а тоа е – да спиете крај кокошки. Научниците утврдиле дека мирисот на живината силно ги одбива инсектите. И иако овој метод на прв поглед се чини бизарен, би можел да спаси околу 3,2 милијарди луѓе од ризикот да заболат од маларија, на пример.
За да ја испитаат оваа теорија, волонтери преспале во соба со кафез со кокошки и утврдиле дека комарците ги избегнуваат такви простории, а исто така наводно помага и ако закачите пердуви од кокошка на вашиот кревет. Откритието било објавено во журналот „Маларија“. Научниците откриле дека Anopheles arabiensis, еден од видовите комарци кои се главните преносители на болеста маларија во субсахарска Африка – ги избегнува кокошките кога бара домаќини од кои ќе се храни. Значи ете, би можеле да се спасите од маларијата или вирусот Зика. Но, останува ризикот за заболување од птичји грип.