Моето име е Марчин Кенсек. Јас сум 27-годишен фотограф од едно мало село во јужниот дел на Полска, наречено Гронков. Живеам во прекрасно место во близина на планините Татри, Пјенини и Горце. Пред неколку години решив да ги сликам овие прекрасни околини во вистинското време и најдобрата можна осветленост. На тој начин се роди мојата страст кон фотографирањето пејсажи.

Во мојата фотографија најважното нешто е осветлувањето коешто определува како пределите ќе изгледаат на фотографиите. Вообичаено ќе пристигнам на местото коешто планирам да го фотографирам барем еден час пред изгрејсонце. Гледајќи како се менува небото, почнувам да создавам композици коишто би сакал да ги отсликам. Ако решам да го сликам изгрејсонцето, вообичаено останувам неколку минути после тоа, бидејќи тогаш небото ги има најсилните бои.

Често се случува да морам неколку пати да се вратам на истото место, бидејќи е доста тешко да се направи совршената фотографија во најдобрите услови (светло, блага магла, интересно небо, бистрина, пластичност и глетка). Но кога сѐ ќе излезе беспрекорно, знам дека напорната работа ми се исплаќа. Најголемото уживање во пејсажната фотографија за мене претставува блискоста со природата. Го сакам тоа што го правам и не би го менувал за ништо на светот.

Моите фотографии ги снимам со Nikon D700, и употребувам леќи Nikkor 16-35/4 mm, 24-70/2.8 mm и Sigma 120-400 mm. Вообичаено со мене го носам и мојот трипод Manfrotto 190X PROB.

Слобода!

ta01

Пролет на планинскиот венец Татри

ta02

Големо Полско Езерце

ta03

Морско Око

ta04

Волшебните Татри

ta05

Утро на Морско Око

ta06

Топло и студено

ta07

Лапшанка

ta08

Млеко

ta09

Соколица

ta10

Зајдисонце на Татри

ta11

Гевонт и Каспров Врв

ta12

Татри видени од Пјенини

ta13

Долината на петте полски езерца

ta14

Кривањ

ta15

Ласери!

ta16

Повеќе информации на: marcinkesek.com | 500px | Facebook

Сподели на Facebook
пати видено