Еден дечко го фотографирал дедово и условите во кои живее и ги поставил сликите на Фејсбук. Така започна еднонеделната спонтана акција за помагање на кутриов стар човек. Луѓето на брзина собрале 1000 евра, купиле стар метален контејнер, се јавил доброволец да го пренесе и новиот дом на несреќниот стар човек беше готов.