Американскиот претприемник Илон Маск го претстави својот нов „Мастерплан 2“, како што го нарекува тој. Станува збор за втор десетгодишен план на Маск, кого многумина го сметаат за најголем гениј и иноватор на денешницата, а својот прв план го остварил речиси целосно. Имено, Маск своето богатство го стекнал преку косопственост на најпознатиот сервис за онлајн плаќање – Пејпал, а милијардите кои ги заработил ги вложува во остварувањето на својата животна цел – унапредување на науката, одржливата економија и иновацијата во превозот.

ms

Во екот на најголемата криза во автоиндустријата ја основа Тесла Моторс, компанија која произведува електрични автомобили, која според стручњаците ќе прерасне во најголемиот џин на индустријата во годините кои следуваат. Изработката на достапен електричен автомобил е една од точките во првиот десетгодишен план, а многумина ги израдувал вториот дел од планот кој Маск го изложил, опишувајќи ги плановите за блиска иднина.

„Развојот на потполно автономен автомобил е наш приоритет, а наскоро и ќе го претставиме. Ваквиот начин на возење ќе биде 10 пати посигурен од возењето кое вклучува човечки чинител, најчестата причина за сообраќајни несреќи“ – изјавил Маск, претставувајќи го концептот на „Флотата Тесла“ – автомобили кои заработуваат кога не ги користите.

Имено, целосно автономните автомобили ќе можат да се регистрираат како еден вид напредна такси служба на Тесла. Кога не го употребувате, вашиот автомобил со помош на апликација ќе може да го повика било кој, по што тој самиот ќе си излезе од гаражата и ќе појде до клиентот, ќе го превезе на посакуваното одредиште и ќе се врати во гаражата. Кога ќе ја заврши работата, вашата сметка ќе биде побогата за определен износ, без воопшто да сте мрднале со прст.

Како дел од новиот план, Маск предвидел и изградба на глобална мрежа соларни плочи кои ќе се употребуваат како „погонско гориво“ за полнење на батериите на електричните автомобили.

Сподели на Facebook
пати видено