Во едно мариовско село градат пат. Итар Пејо долго време седи и ја следи работата. Се приближува еден од тимот и му вели:
– Здраво, јас сум инженер Петровски, раководам со изградбата на овој пат.
– Здраво, јас сум Пејо од соседното село.
– Имам впечаток дека никогаш не сте виделе како се гради современ пат. Кажете ми, како се градат патишта во вашето село?
– Па, во нашето село ако треба да градиме пат пуштаме едно старо магаре и тоа поминува по најкраткиот и најбезбедниот пат. По тој пат го градиме нашиот пат.
– А ако немате магаре?
– Тогаш викаме инженер!

Сподели на Facebook
пати видено